Работиме посветено на градење на капацитетите на нашите вработени, со цел да ги подобриме услугите за нашите граѓани. Денес, во соработка со УСАИД, реализиравме обука за раководителите од нашата општина на тема подобрување на внатрешната комуникација. Со оваа активност, ќе ги зајакнеме внатрешните односи и ќе создадеме позитивна работна атмосфера, што директно ќе придонесе за подобра услуга кон нашите граѓани.
Заедно за подобра општина!
Извор: Општина Центар