Имавме одлична јавна расправа за проектот ,,Спроведување на мерки за енергетска ефикасност во ООУ „Св. Кирил и Методиј”.
На расправата учествуваа граѓани кои живеат во околината на училиштето и претставниците на Светска банка.
Училиштето „Св. Кирил и Методиј” ќе добие нова енергетски ефикасна фасада (термичка изолација), термичка изолација на кровот, инсталација на динамички термостатски вентили и модерно ЛЕД осветлување, благодарение на заедничката инвестиција од 170.000 евра.
Ова ќе резултира со годишна заштеда од 18.600 евра, што значи дека повратот на нашата инвестиција ќе биде за шест и пол години.
Посебна благодарност до проектната единица на Светска банка во нашата земја, кои ја препознаа потребата, важноста и квалитетот на овој наш проект и ни ја дадоа својата поддршка.
Очекуваме успешна реализација на проектот. Тука сме за понатамошна поддршка.
Остануваме силно посветени на реализација на сите проекти кои го подобруваат животот на нашите граѓани, особено на децата, и во исто време се економски оправдани и одржливи!
Извор: Општина Центар