По возбудливата завршница во финалните натпревари во кошарка (момчиња) и одбојка (девојчиња), кои се одиграа денеска во рамки на општинскиот училишен спортски куп, двата победнички пехари ги подигнаа учениците од ООУ „Јан Амос Коменски“. Во одбојкарското финале, девојчињата од „Коменски“ беа убедливи и славеа со 2:0 во сетови против своите сопернички од ООУ „Војдан Чернодрински“ и покрај тоа што резултатот во сетови беше речиси израмнет (28:26) и (25:23).
И во кошаркарското финале, момчињата од „Коменски“ беа поуспешни од своите ривали од приватното основно училиште „IPS“, против кои славеа со 36:34. Низ сите четири четвртини водството преоѓаше од една кон друга екипа, но на крајот поголема концентрација и пожртвуваност демонстрираше тимот од Тафталиџе 1, која заслужено го подига победничкиот пехар.
Инаку, спортскиот училишен куп се одржува секоја година традиционаллно, по повод одбележување на роденденот на Општина Карпош.
Извор: Општина Карпош