spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јаневска - Започна изградбата на училиштето во Чашка

МОН: Јаневска – Започна изградбата на училиштето во Чашка

Почна изградбата на подрачното основно училиште во село Бањица во општина Чашка, каде настава ќе следат ученици од прво до петто одделение. Поставена е бетонска платформа и очекувам целиот процес да биде завршен за два месеци, а во меѓувреме градоначалникот ќе обезбеди опрема за новиот училишен објект.

За прогресот на инвестицијата на МОН во вредност од 6,6 милиони денари, министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше денеска во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање за тоа кога учениците од ова населено место ќе почнат да следат настава на својот мајчин јазик.

„За жал, проблемот во Чашка е политички инициран. Таму децата до лани учеа заедно на еден, македонски јазик, а родителите на учениците имаа потпишано и согласности за тоа. Но, високи функционери на ДУИ одлучија дека нешто не е во ред и едните ги поттикнаа на штрајк, а кај другите создадоа револт со притисокот да се воведе настава на албански јазик. Сето тоа е на штета на учениците, но еве, работиме и ќе го надминеме проблемот“, рече министерката.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Гостивар: Асфалтиран е патот во населбата „Малеарди“ до старите гробишта

0
Работите во општината продолжуваат, асфалтиран е патот во населбата „Малеарди“ до старите гробишта Општина Гостивар продолжува со инвестиции во патната инфраструктура. Станува збор за целосно асфалтирање...