Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 ноември е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале до сега, можат да се пријават електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/.
Условите и критериумите за остварување на правото се наведени на посочениот линк. Ако имате потреба од поддршка при аплицирањето, можете да се обратите до Секторот за ученички и студентски стандард на e-mail: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk или да посетите канцеларијата на приземјето во зградата на министерството.
Финансиската поддршка изнесува 140 денари и е наменета за купување храна, која студентите можат да ја користат од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.