spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Лимани - Интензивно работиме на јакнење на капацитетите на предучилишното воспитание...

МСПДМ: Лимани – Интензивно работиме на јакнење на капацитетите на предучилишното воспитание и образование

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани учествуваше на завршен настан на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“. Оваа иницијатива, финансирана од Европската Унија, целеше кон подигнување на квалитетот на услугите за предучилишно образование и грижа.

Поздравни обраќања покрај министерот Лимани имаа и Шефот за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, г-дин Штефан Худолин  и директорот на проектот, Г-дин Џузепе Москети.

Во своето обраќање до присутните министерот Лимани посочи дека, Министерството за социјална политика, демографија и млади интензивно работи на јакнење на капацитетите на предучилишното образование, воспитание и грижа со цел подигнување на квaлитетот на услугите во оваа дејност. 

„Силно веруваме дека вложувањето во учењето и развојот на децата уште од најмала возраст е клучно за развојот и напредокот на општеството. Како отворен, динамичен и развоен процес, воспитанието, образованието и грижата за секое дете во детските градинки подлежи на промени кои обезбедуваат модернизација и напредок на системско ниво,“ посочи Лимани.

Тој информираше дека, во изминатиот период во детските градинки се реализираа разновидни форми на професионално усовршување на вработените. Како и дека модернизацијата на професионалниот развој и негово системско поставување има цел да обезбеди унифициран пристап кој ќе носи позитивни ефекти во работата на сите стручни профили но и на детската градинка како институција. 

„Министерството за социјална политика, демографија и млади, подолг временски период го спроведува процесот на лиценцирање и обнова на лиценца на сите стручни лица.  Овој процес има големо значење во дејноста и токму затоа искуствата покажуваат дека постои потреба од ревидирање на постојниот модел со цел негово развивање и подобрување,“ истакна Лимани.

Тој посочи дека дел од услугите кои детските градинки ги нудат, се однесуваат и на соработката со родителите, а министерство ги вклучува сите, и родителите на деца во ризик и деца кои се социјално исклучени. 

Голема поддршка за овие прашања, порача Лимани  се активностите на рамки на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“ финансиран од Европската Унија во рамките на Акција 4 „Образование, вработување и социјална политика“ од Акциската програма на ИПА 2017. 

Главна цел на овој проект е подигнување на квалитетот на услугите за предучилишно образование и грижа, што треба да доведе до поголеми образовни постигнувања, личен развој и социјална вклученост на децата.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте