spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Бесплатен скрининг на тироидната жлезда за деветтооделенците во општината

Аеродром: Бесплатен скрининг на тироидната жлезда за деветтооделенците во општината

 Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром добиваат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда.

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и в.д директорот на Здравствената установа „8-ми Септември“, проф. д-р Синиша Стојаноски, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се предвидува скрининзите да се реализираат во училиштата по претходно определен датум и по добиена писмена согласност од родител или старател на ученикот.

Митески по потпишувањето на Меморандумот, истакна дека само со меѓусебна грижа за здравјето на децата, можат да се создадат услови за превентивна заштита и правилен раст и развој.

Стојаноски посочи дека се планира овој проект да не биде еднократен, туку тој да се воведе како редовна практика со цел превенција на младата популација.

Општина Аеродром останува отворена за соработка со сите институции со кои можат да се создадат уште подобри услови за безгрижно и здраво детство на нашите најмлади жители.

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...