spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Општината е најтранспарентна во скопскиот регион

Бутел: Општината е најтранспарентна во скопскиот регион

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, изврши проверка на објавените документи и информации кои општините и центрите за развој на плански региони како иматели на информации се обврзани да ги објавуваат на своите веб-страници. Согласно објавениот извештај на Агенцијата, општина Бутел е рангирана на првото место како најтранспарентна општина во Скопскиот регион.

Мониторингот е фокусиран на проверка на категориите на информации што треба редовно и ажурирано да се објавуваат на веб-страниците на имателите на информации од јавен карактер согласно одредбите на член 9 и член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Пред три години, општина Бутел беше рангирана на дното на табелата, но откако градоначалникот Дарко Костовски ја презеде функцијата, локалната самоуправа е на самиот врв, како пример за транспарентно работење.

Исполнето е уште едно предизборно ветување на градоначалникот- општина Бутел е транспарентна и отворена за сите граѓани.

Извор: Општина Бутел

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...