spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЦИНГО од Советот на Европа ја оценува соработката на Владата со граѓанското...

ЦИНГО од Советот на Европа ја оценува соработката на Владата со граѓанското општество

Меѓународната конференција на невладини организации од Советот на Европа наскоро ќе изготви извештај за соработката меѓу Владата и невладиниот сектор, во кој ќе се оцени досегашната соработка и ќе се дадат препораки за подобрување на концептот на меѓусебната соработка. Ова денес го најави претседателот на ЦИНГО, Герхард Ермишер, на средбата со заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Извештајот ќе го оцени досегашниот начин на вклучување на невладиниот сектор во процесот на донесување одлуки на Владата, финансирањето на невладиниот сектор и идентификување на идните предизвици. Откако ќе се изготви, извештајот ќе се прати на мислење во Владата, а потоа за него ќе се расправа и на Генералното собрание на Советот на Европа. 

На средбата вицепремиерот Фетаи вети брзо обновување на дијалогот со невладините организации откако во март годинава во знак на протест тие го напуштија Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество поради начинот на распределување на средствата наменети за финансирање на невладиниот сектор. Фетаи најави дека до крајот на годината ќе се изберат новите членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Тој рече дека реформската агедна е врвен приоритет на владата истакнувајќи ги посебно борбата против корупцијата, зголемување на транспаретноста и подобрување на соработката со невладиниот сектор. 

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...