spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Пријателска средба со збратимените општини

Карпош: Пријателска средба со збратимените општини

По повод одбележување на 48 годишнината од основањето на Општина Карпош (3. ноември), градоначалникот Стевчо Јакимовски, утрово во својот работен кабинет оствари средба со  членовите на делегацијата  од Општините Кладањ и Калесија , градот Живинице (БиХ),  како и со претставниците од збратимените општини Сремски Карловци (Србија), Врњачка Бања (Србија), Стари Град – Сараево (БиХ), Травник (БиХ), Тиват (Црна Гора) и Л – Исла (Малта).

Во рамки на оваа протоколарна средба, присутните разговараа за актуелната состојба во регионов и пошироко, како и за тековните активности кои се одвиваат во локалните самоуправи од коишто тие доаѓаат. На состанокот стана збор и за предизвиците со кои се соочуваат општинските служби во текот на своето работење, а во таа насока беа разменети и повеќе практични искуства во поглед на изнаоѓање на најсоодветни решенија кои ќе понудат подобар сервис за своите граѓани.

На крајот, присутните констатираа дека со одржување на блиски контакти и размена на регионални и меѓународни искуства и техники, може да се усоврши начинот на работење на локалната администрација. Во духот на градење на цврсти пријателски односи, присутните заемно си разменија пригодни подароци во вид на репрезентативен материјал.

https://youtube.com/watch?v=x6VAQXzbbzw%3Ffeature%3Doembed

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...