spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: На Светскиот ден за поправки со ”АРНО” најавија отворање на...

Кисела Вода: На Светскиот ден за поправки со ”АРНО” најавија отворање на Центар за поправки

Во идниот “Центар за поправки” во Кисела Вода, за првпат во Македонија, беше одбележан денешниот Светски ден на поправки, во организација на Општина Кисела Вода и здружението “АРНО”.  На прес-конференцијата беа најавени два важни повика: еден за мајстори и граѓани со вештини за поправки, и друг за донација на оштетени играчки.

Градоначалникот Орце Ѓоргиевски, кој даде поддршка на иницијативата, обезбедувајќи простор за идниот Центар, ги повика граѓаните активно да се вклучат во промоцијата на циркуларната економија.

-Ми претставува голема чест што Кисела Вода е првата општина која заедно со здружението АРНО за прв пат во Македонија, го одбележува Светскиот ден на поправки. Оваа иницијатива е од големо значење, бидејќи ја истакнува важноста на циркуларната економија и зачувувањето на животната средина преку поправки, пренамена и креативна реупотреба на предметите. Јас сум израснат во духот на штедливост и скромност, во времиња кога културата на поправка беше начин на живот. Времиња кога амбалажата беше скапа и недостапна, облеката се носеше со генерации, а животната средина беше сочувана. Верувам дека одбележувањето на овој ден е одличен формат, и како општина која секогаш ги препознава потребите на своите граѓани, со задоволство го гледаме овој проект како можност да поттикнеме интерес за сервисот за поправка, пренамена и креативна реупотреба на предметите. Во економијата во која живееме, поправките често се изоставуваат, а ние знаеме дека преминувањето од линеарна кон циркуларна економија е клучно за заштита на животната средина. Сакам да најавам дека овде, каде што сме денес, веќе на почетокот од следната година Кисела Вода ќе има свој сервис за поправки, каде што ќе ги вклучиме нашите сограѓани и мајстори. Ги повикуваме сите кои поседуваат вакви вештини да се приклучат на овој повик и заедно да придонесеме за нашата заедница и локалната економија. Воедно, сакам да најавам дека преку оваа соработка со здружението АРНО, за време на нвогодишните празници ќе донираме поправени играчки на деца од семејства со помалку можности. Ова е само почеток на една долгорочна заложба за екологија и солидарност-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Претседателката на АРНО, Ирина Јаневска, го најави отворањето на „Центарот за поправки“ следната година.

-Денес го одбележуваме овој ден симболично, но веќе од следната година, планираме да го отвориме „Центарот за поправки“, каде покрај поправки и работилници, ќе организираме и pop-up настани. Планираме и мала концептуална продавница за производите на зелените и социјалните бизниси што ги поддржувме преку нашите програми. Секој главен град во светот има ваков простор, често и во форма на кафуле за поправки (Repair Café). Ние го видовме концептот пред седум години, преку Еразмус проект во Ријека, и веднаш знаевме дека ова е логичен продолжеток на она што го правиме во делот на зелено социјално претприемништво и циркуларна економија. Убедени сме дека ова е корисно и за животната средина, и за паричниците на граѓаните-истакна Ирина Јаневска.

Проектниот координатор од АРНО, Антонио Даниловски, истакна дека акцентот оваа година е ставен на мапирање на мајстори и промоција на солидарност:

-Светскиот ден на поправки го одбележуваме под слоганот „Поправки за сите“.АРНО е во потрага по луѓе кои имаат вештини за поправки на разни предмети, освен бела техника, или креативци кои можат да пренаменат стари предмети во нови– како креветчиња за миленици од гуми или лампи од отпад. За да осмислиме активности за центарот, потребни ни се граѓаните и медиумите. Исто така, ги повикуваме сите кои дома имаат оштетени играчки, на пример паднато окце на играчка слонче или скршено тркалце на количка, да ги донираат за поправка-изјави Антонио Даниловски.

Ова е првпат Македонија да се приклучи на ова глобално движење, што ја истакнува важноста на локалните иницијативи. Во рамките на одбележувањето, беа одржани и две работилници со ученици од СУГС „Ѓорѓи Димитров“, од паралелките за шумарско-дрвопреработувачка и хортикултурна струка. Под водство на инструктори, учениците поправаа дрвени играчки и изработуваа вазни од тегли, со цел промоција на култура на поправки.

Повиците за ангажирање на мајстори и за донација на оштетени играчки се достапни на :https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSedJ7l6TgjSOLOdMa9OwC-jWpjXRTG98-PghSWyDm4OIiwwTA/viewform?usp=sf_linkhttps://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd4EO_v5OZrqrgyBYIDTC5DiyEY0nWN8n5L4A6QAPVgjPd9EA/viewform?usp=sf_link

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...