spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Димитриеска-Кочоска - Системска борба со криминалот и корупцијата за обезбедување сигурност...

МФ: Димитриеска-Кочоска – Системска борба со криминалот и корупцијата за обезбедување сигурност за граѓаните и бизнисот

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска се обрати на Конференцијата на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за борба против ширење на мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во ЈИЕ во организација на ОБСЕ, од каде упати порака за системска борба со криминалот и корупцијата.

„Врвен приоритет во програмата на Владата за 2024-2028 година е владеење на правото и борбата против корупцијата, криминалот и нелегалната трговија. Приоритет е да создадеме сигурна средина за живот на граѓаните, сигурна средина за бизнис делување, еднаквост пред законите и во остварување на тој приоритет сме одлучи и со силен фокус преку системска борба со криминалот и корупцијата. Институциите се исправени пред предизвикот и верувам дека со целата професионалност што ја поседуваат ќе одговорат на високо ниво на задачата“, рече министерката Димитриеска-Кочоска, на отворањето на Конференцијата.
Во овој контекст посочи на улогата на Царинската управа, како институција којашто е под ингеренции на Министерството за финансии и која е клучна алка во сузбивањето на криминалот и нелегалната трговија. При тоа посочи на позитивните резултатите во работењето на Царината и во делот на прибирање на приходите и во откривање на случаи на нелегална трговија, како и на  важноста од размена на информации помеѓу институциите.

Конференцијата се организира во рамки на Проектот за поддршка на институциите во земјава за намалување на ризикот од ширење и злоупотреба на мало и лесно оружје, е со цел да се зајакне меѓународната соработка во борбата против организираниот и меѓународниот криминал.

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...