spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Платите во основното и во средното образовани ќе бидат повисоки од...

Мицкоски: Платите во основното и во средното образовани ќе бидат повисоки од овој месец, до 2028 ќе бидат зголемени за минимум 46 %, или максимум до 60 %

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ветувањето за поголеми плати во образованието, рече:

„Да, да, па од овој месец треба да се, платата во основното и во средното образовани да биде повисока за 5 проценти, мислам сега во ноември за октомври, практично таа што е исплатена. Во април 25-та, практично од мартовската плата ќе бидат за дополнителни 7 проценти. Април 26-та, 7,5 до 10 проценти во зависност од кондицијата на Буџетот. Април за март практично 2027 повторно 7,5 до 10 проценти и веќе април 28-ма за март 28-ма од 10 до 12,5 проценти. Така што минимум во овој дијапазон временски платата ќе биде просечна, во образованието зголемена за 46 проценти, а максимум до 60 проценти што мислиме дека навистина ќе дојдеме до едно пристојно ниво. Дали е доволно, не е доволно. Но, тоа е во рамките на нашите можности, бидејќи во моментот ако е просечната плата во државата повеќе од 41.000 денари, во образованието таа е 9.000 денари помалку, околу 32.000 денари.“ изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...