spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗаменик претседателот Фетаи учествуваше на Kонференцијата на Платформата WeBER

Заменик претседателот Фетаи учествуваше на Kонференцијата на Платформата WeBER

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, заедно со други панелисти како амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Н.Е Михалис Рокас, заменик министерот за јавна администрација Лазе Јаќимовски и Милена Михајловиќ лидер на тимот на WeBER во Центарот за европска политика од Србија, учествуваше на Конференцијата на платформата WeBER во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ).

На овој панел се дискутираше за реформата на јавната администрација како клуч за отклучување на проширувањето на ЕУ. Фетаи, нагласи дека како нова Влада наследивме тешка состојба во оваа област, со преоптоварена, политизирана и неефикасна администрација во повеќе сегменти.

За нашата Влада, реформата на јавната администрација е врвен приоритет и една од основните заложби во рамките на реформската агенда договорена со Европската Унија.

Вицепремиерот истакна дека се работи во повеќе насоки за професионализација, деполитизација, рационализација и дигитализација на администрацијата, вклучително и новите закони за реформа на јавната администрација. Тоа ќе влијае на зголемување на транспарентноста и отчетноста, придонесувајќи и за намалување на ситната корупција и за подобрување на услугите што им се даваат на граѓаните.

Потпретседателот Фетаи рече дека е убеден дека со нашата политичка волја и поддршката на нашите стратешки партнери ќе постигнеме успешна реформа на јавната администрација.

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...