На оваа средба се разговараше за многу значајни теми поврзани со меѓуинституционалната соработка и зајакнувањето на односите меѓу нашите две земји. Една од главните точки на оваа средба беше соработката од областа на јазикот и на културата и беше истакната важноста од промовирање на јазикот и на културното наследство на двете земји.
Директорот Османи ја изрази заложбата на АПЈ да продолжи да работи на примена на јазичните политики, фокусирајќи се на зачувување и на поддршка на јазичната различност, додека г. Куртиши ја истакна улогата на Македонски пошти на Република Северна Македонија за дистрибуција на едукативни и на културни материјали кои ќе придонесат за соработка меѓу поштите на двете земји.
Амбасадорот Улусој ја цени посветеноста на институциите на Република Северна Македонија за развој и за унапредување на односите меѓу двете земји и ја истакна подготвеноста на Република Турција да ги поддржи заедничките иницијативи што придонесуваат за развој на културните и на економските односи.
Оваа средба е доказ дека соработката меѓу институциите е клучот за заеднички напредок и за зајакнување на врските меѓу двете земји.
Извор: Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните