На 38. седница на Советот на Општина Илинден беше верификуван мандатот на новата советничка Македонка Здравковска. Воедно на истата седница за нов претседател на Советот на Општина Илинден е избран советникот м-р Благоја Митровски.
Градоначалникот на Општина Илинден, м-р Александар Георгиевски оствари средба со новата советничка и новиот претседател, пришто им посака успешна и плодна работа каде до крајот на мандатот заедно ќе работат, за Илинден да биде поубаво место за живеење за сите жители.
Извор: Општина Илинден