spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Ѓорѓиевски - После половина век нов асфалт добива улицата “1438”...

Кисела Вода: Ѓорѓиевски – После половина век нов асфалт добива улицата “1438” во Пинтија

Со голема динамика се одвива инфраструктурната обнова на општина Кисела Вода. Во Пинтија, во моментов после 50 години нов асфалт добива улицата “1438” на површина од околу 2000м2. Само годинава, во ова населба досега се асфалтираат улици во должина од над 3000 метри или за овие три години, околу 5400 метри.

-После половина век нов асфалт добива улицата 1438 во Пинтија! Со засилено темпо се одвива обновата на Кисела Вода. Во овој момент, се работи на улицата “1438” во Пинтија на површина од 2000m2, која повеќе од пет децении не била предмет на интерес на ниту еден од моите претходници, што е евидентно од големите оштетувања. Овој отпочнат проект е само уште од низата докази дека не застануваме, дека моите ветувања не се само празни зборови а барањата на граѓаните се мој приоритет. Ликот на Кисела Вода го менуваме секој ден кон подобро. Продолжуваме во сите урбани и месни заедници. Мојот народ заслужува-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте