Градоначалникот Бобан Стефковски имаше можност да другарува со дечињата од Здружението “Златни ангели” и заеднички да се погрижат за животната средина преку засадување на нови садници цвеќе.
Настан полн со емоции кој се одржа во дворот на Државниот училишен центар за образование и рехабилитација Партенија Зографски во Маџари.
Енергијата која ја даваат дечињата со церебрална парализа и учениците со оштетен слух и говор е навистина посебна!
Општина Гази Баба има партнерски однос со Здружението “Златни ангели” кое се грижи за дечињата со церебрална парализа. Тие ја имаат поддршката на локалната самоуправа.
Благодарност до директорката на ДУЦОР Партенија Зографски, Слободанка Џеповска која даде поддршка во реализацијата на овој настан.
Извор: Општина Гази Баба