Општина Гази Баба е прогласена за најуспешна општина во Република Македонија во спроведување на инклузија.
Ова признание доаѓа како резултат на посветена работа и реализација на проекти, програми и активности со цел целосна инклузија на децата со посебни образовни потреби.
Нашата заложба за обезбедување еднаков пристап до образование за сите деца од општината се спроведува во пракса, а доказ за тоа е ова признание.
Благодарност до Детската фондација Песталоци и на Здружението “Отворете ги прозорците” со кои активно го реализиравме проектот Инклузија на деца со посебни образовни потреби.
Извор: Општина Гази Баба