spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Известување во врска со нацрт на Закон за изменување и дополнување...

МДТ: Известување во врска со нацрт на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Почитувани,

Ве известуваме дека Министерството за дигитална трансформација изготви нацрт на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми, објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), кој е достапен за коментари и забелешки на следниов линк: 

https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=87116

Предлог на законот има за цел да ја зајакне конкурентноста во медиумскиот простор и да ги реши постојните проблеми со интернет порталите во земјата, преку поставување на правна рамка која ги препознава како такви, односно јасни правила за нивно основање и регистрација. Со предлог законот ќе се воспостават јасни обврски за онлајн медиумите – интернет портали во делот на импресум, заштитата на малолетната публика и евидентирање во Регистарот на онлајн медиуми-интернет портали.

Покрај ова, измените ќе бидат во насока на исполнување на обврските од Патоказот за владеење на правото и Европскиот акт за слобода на медиумите.

Ги повикуваме сите заинтересирани страни да го дадат својот придонес.

Извор: Министерство за Дигитална Трансформација

Прочитајте