spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТ: Николовски - Браната на река Отиња ќе ја завршиме до 2026...

МТ: Николовски – Браната на река Отиња ќе ја завршиме до 2026 година

Браната на река Отиња ќе ја завршиме до 2026 година, нешто што многу влади ветуваа, ние ќе ја изградиме. Определивме дополнителни 2 милиони евра за нејзината доизградба, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при денешната посета на општина Штип.

“Вчера се распиша тендер за доизградба на браната на Отиња, што конечно ќе значи завршување на овој долго ветуван проект. Определивме 2 милиони евра дополнително за завршување на браната, очекувам крајот на овој месец да имаме избран изведувач. Вкупната вредност ќе оди некаде 8 милиони евра кои што ќе се инвестираат во изградба на браната и оваа брана ќе има значење не само за Штип туку и за целиот реион бидејќи покрај за наводнување ова езеро ќе биде и за рекреација и ќе значи за сите граѓани од Источна Македонија. Она што е Мавровското Езеро за Западна Македонија, браната на Отињa да стане за Источна Македонија. Ова е проект кој што многу влади го ветувале, еве конечено со тендерот што вчера го распишавме ќе го завршиме. Можам да ветам дека до крај на 2026 година ќе биде завршено езерото, а веќе 2027 година во летната сезона да се користи. Вкупно смо оваа година за Штип инвестираме 12, 5 милион евра”- изјави министерот Александар Николоски.

Извор:: Министерство за транспорт

Прочитајте

Карпош: Инспекциските служби во Штип на седницата на Здружението на комунални...

0
На 22.11.2024 год.во Хотел Изгрев претставници од инспекциските служби на Општина Карпош присуствуваа на 6-та седница на Извршниот и Надзорниот одбор на Здружението на...