spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: Министерот Муртезани на работна средба во Тетово

МЕП: Министерот Муртезани на работна средба во Тетово

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, беше во работна посета на општина Тетово, каде оствари средба со градоначалникот на општината Билал Касами и неговиот тим. Целта на состанокот беше размена на мислења и информации за напредокот во спроведувањето на ИПА проектите каде како корисник се јавува општината, што е дел од напорите кои МЕП Муртезани ги вложува за подобро искористување на ИПА фондовите.

Муртезани истакна дека изградбата на пречистителна станица за третман на отпадни води во Тетово е еден од ИПА проектите кои произлегуваат од националната стратегија за води за земјата, а истовремено подразбира и примена на европското законодавство во областа на водите.  Инвестицијата преку ИПА е голема и бара голема посветеност на сите засегнати страни од централната и локалната власт.  Градоначалникот Касами реафирмираше дека Општина Тетово е посветена на спроведување на проектот кој во моментот се наоѓа во тендерска постапка, но исто така тој и неговиот тим споделија загриженост за капацитетите на Општината да планира, спроведува и да одржува ваков тип на инвестициски проекти.  Соговорниците се согласија дека треба да се инвестира во обуки и во создавање на услови за работа на експерти на вакви значајни проекти.

На состанокот исто така се разговараше и за други проекти каде Општината се јавува како корисник и тоа од програмата за прекугранична соработка со Албанија и програмата за прекугранична соработка со Косово, во контекст на можна соработка со Министерството за европски прашања. Во таа насока беше договорено да се направат напори за користење на можностите кои што ги нуди центарот за обука на МЕП, за за зајакнување на капацитетите на Општина Тетово во контекст на подобро искористување на европските фондови.

Извор: Министерство за Европски Прашања

Прочитајте