spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: Муртезани - Стабилен континуитет во вкупната подготвеност на земјата, што е...

МЕП: Муртезани – Стабилен континуитет во вкупната подготвеност на земјата, што е потврда дека остануваме на стратешката определба за членство во ЕУ

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани имаше заедничка тематска прес-конференција со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, по повод објавувањето на Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2024 година, како и Пакетот за проширување.

На прес-конференцијата беа претставени главните наоди и оценки за постигнатиот напредок во европското досие на земјата, а МЕП Муртезани потенцираше дека овој Извештај треба да се анализира во контекст на другите извештаи кои ги добивме годинава – т.е. Скрининг извештаите за секој од Кластерите, како и со неодамна усвоената Реформска агенда 2024-2027 година, патоказите за Владеење на правото и реформа на јавната администрација, како и други релевантни документи. „Подеднакво важно е да се истакне дека приоритетите се хармонизирани со Реформската агенда, односно дека сите документи меѓусебно се поврзани, со цел подобри резултати и синергија токму на приоритетните области.“ – рече Муртезани.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето:

Почитувани претставници на медиумите,

На почетокот, дозволете ми да изразам благодарност до ЕУ Амбасадорот, Михалис Рокас и на неговиот тим за посветеноста и поддршката во спроведувањето на процесите на европската интеграција на Северна Македонија. Пакетот за проширување на Европската комисија за 2024 година, кој се состои од Стратегијата за проширување и поединечни извештаи за секоја земја-кандидат, беше објавен на 30 октомври 2024 година. Извештајот го опфаќа периодот од 15 јуни 2023 до 1 септември 2024 година, и како и секогаш, претставува објективен пресек на состојбите и напредокот на реформите, давајќи детален преглед за вкупната подготвеност и напредокот во споредба со претходната година.

Она што би сакал на самиот почеток да го потенцирам е дека овој Извештај треба да се анализира во контекст на другите извештаи кои ги добивме годинава – т.е. Скрининг извештаите за секој од Кластерите*, како и со неодамна усвоената Реформска агенда 2024-2027 година, патоказите за Владеење на правото и реформа на јавната администрација, како и други релевантни документи. Подеднакво важно е да се истакне дека приоритетите се хармонизирани со Реформската агенда, односно дека сите документи меѓусебно се поврзани, со цел подобри резултати и синергија токму на приоритетните области.

Сите овие документи претставуваат одлична основа за дефинирање на реформските приоритети на државата во наредниот период и се основа за работа на Владата, Собранието, администрацијата, но и на сите други општествени чинители со цел да се интензивира динамиката на процесот на интеграција. Министерството за европски прашања, како за секој претходен Извештај и годинава направи првична анализа на оценките на Европската комисија во Извештајот.

Најсимплифицираната квалификација при читањето на Извештајот е дека има напредок и во измината година и во вкупната подготвеност, т.е. дека има благ нагорен тренд. Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2024 година е „добро ниво на подготвеност“, (3,22 во споредба со 3,13 во 2023), и таа е солидна и константна во однос на повеќе години претходно. Во однос на останатите земји-кандидатки од регионот, би напомнал дека нашето ниво на подготвеност е највисоко, што е уште еден показател дека Северна Македонија не само што е подготвена за пристапните преговори, туку компаративната анализа укажува на тоа дека имаме кумулиран напредок.

По кластери, исто така има подобрување на подготвеноста за Кластерот 1, во споредба со минатата година, што е позитивно ако се има предвид дека ова е првиот Кластер кој треба да се отвори. Задоволително ниво на подготвеност има и кај Кластер 3, 4 и 6, додека повеќе напори се потребни за понатамошно усогласување во Кластерите 2 и 5.

Од аспект на остварениот напредок, се бележи мал тренд на подобрување во споредба со минатата година (2,82 во споредба со во споредба со 2,76 во 2023 година). Секако треба да се има предвид дека средната оценка се базира на оценките за 43 области, бидејќи тука спаѓаат работата на Собранието, изборите, владеењето, граѓанското општество, но и посебните подрачја од поглавја 23 и 24, кои се оценуваат одделено. 

Ова покажува дека и покрај сите предизвици со кои се соочуваме, особено ако се има предвид дека во периодот кој се опфаќа со Извештајот имаше три Влади, сепак може да констатираме дека имаме стабилен континуитет во вкупната подготвеност на земјата, што е потврда дека остануваме на стратешката определба за членство во ЕУ и треба да биде поттик повеќе за сите нас да ги испорачаме потребните реформи.

Во однос на наодите и препораките од Извештајот би се осврнал на неколку сегменти:

  • Во областа на функционални демократски институции се нотира спроведувањето на претседателските и парламентарните избори оваа година во задоволителна атмосфера, но и се укажува на потребата од адресирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија. Во однос на работата на Собранието се констатира дека се донесе новиот Деловник за работата како дел од Жан Моне процесот, но се укажува на потребата од меѓу-партиската соработка за да се забрза спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ.
  • Во делот на реформа на јавната администрација, ЕК констатира дека со усвојувањето на измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа, се обезбедија појасни линии на одговорност, како и обврска за спроведување на проценка на влијанието при создавање нови државни органи и намалување на бројот на примарни буџетски корисници. Ни остануваат обврските за заокружување на процесот на реорганизација и донесување на пакетот закони за администрацијата.
  • Во делот на правосудството, имплементацијата на новата Стратегија за реформи во правосудниот сектор и на препораките на оценската мисија за Судскиот совет и зајакнувањето на човечките ресурси во овој сектор.
  • Во делот на борбата против корупцијата, констатацијата е дека ова е главен приоритет на Владата и иако институционалната рамка е воспоставена и ефикасна во однос на превенцијата, потребни се напори за понатамошно јакнење на капацитетите на институциите спроведување на законот, донесување на нов Кривичен законик согласно стандардите на ЕУ и подобрено спроведување на Стратегијата за спречување на корупција.
  • Во однос на борбата со организиран криминал постигнат е напредок во областа на конфискацијата со понатамошно усогласување на законодавството со правната рамка на ЕУ, но и во вој случај потребно е подобра ефикасност во гонењето и пресудите на случаите на организиран криминал и јакнење на капацитетите на надлежните институции.
  • Земјата продолжува да ги исполнува своите обврски во делот на човековите права, законската рамка е делумно усогласена со правото и стандардите на ЕУ, но законодавството треба да се спроведува на систематски начин. Особено фокус треба да се стави на подобрување на состојбите во затворите, јакнење на капацитетите на Народниот правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и заштита на ранливите категории. Во делот на слобода на медиуми, приоритетите треба да се насочат кон понатамошно усогласување на правната рамка, именувањето на членовите на Советот на АВМУ и на Програмскиот совет на националната телевизија. 
  • Во однос на економските критериуми, во континуитет  одржуваме добро ново на подготвеност и напредок како предуслов за функционална пазарна економија.

Клучниот момент е како да ги интегрираме овие насоки во нашите политички и економски стратегии. Ова е предизвик кој го прифаќаме со одговорност и решителност. Ние сме свесни дека успехот на европското досие зависи од заедничките напори — од Владата, преку Собранието, до граѓанскиот сектор. Преку соработка и отворен дијалог, како основа на нашите напори за унапредување на нашата европска иднина. Само така сонот за членство во Европската Унија може да стане реалност.

Извор: Министерство за Европски Прашања

Прочитајте

Мицкоски: Преговараме со инвеститори на поедноставен и пофлексибилен начин да го...

0
„Единствен начин, за да делуваме веднаш е во оние средини каде што се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, неретко...