spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Повик за доставување предлози за одбележување на јубилеи во соработка со...

МОН: Повик за доставување предлози за одбележување на јубилеи во соработка со УНЕСКО за периодот 2026-2027

УНЕСКО ги повикува земјите членки да поднесат предлози за одбележување на јубилеи на историски настани и еминентни личности во периодот 2026-2027 година, кои имаат универзално значење и придонеле во промоција на мирот, разбирањето и зближувањето на односите меѓу луѓето. За таа цел УНЕСКО би се вклучил во одбележувањето на јубилеите предложени од страна на државите – членки, со што би им се дало поголемо светско значење и признание.

Повеќе информации за критериумите за поднесувањето на предлози за јубилеј на личност/настан се достапни на следниот линк: https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000391504_eng.

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија по добиените предлози, ќе изврши дефинитивна селекција на два предлога за јубилеи и истите ќе ги достави до УНЕСКО. Предност ќе се даде на предлози кои промовираат родова рамноправност.

Ве молиме вашите предлози да ги дадете преку пополнување на формуларот кој може да се симне тука , и истиот да го доставите во електронска форма до: tkraljevska@kultura.gov.mk најдоцна до 02 декември 2024 година.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...