spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: ПОВТОРЕН ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 6 ромски oбразовни медијатори за...

МОН: ПОВТОРЕН ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 6 ромски oбразовни медијатори за поддршка на основното образование на Роми за 2024/2025 година

Министерството за образование и наука за учебната 2024/2025 година, согласно член 37, став (4) од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19 и 229/20), ќе ангажира 50 ромски образовни медијатори во основните училишта во Република Северна Македонија. Преку мерката медијаторство во основното образование Министерството за образованиеи наука, ќе обезбеди дополнителна поддршка за учениците Роми во основните училишта.

I.  УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА МЕДИЈАТОРИ     

1.    Услови за избор на медијатори

Право да се пријават на Конкурсот за образовни медијатори имаат лица од општините во Република Северна Македонија: Ѓорче Петров, Кичево, Штип, Oхрид , Илинден и Радовиш, а кои ги исполнуваат следните услови:

а) да се невработени или вработени со скратено работно време;
б) да се државјани на Република Северна Македонија и
в) да се припадници на ромската етничка заедница.

Министерството за образование и наука за учебната 2024/2025 година, времено ќе ангажира вкупно 6 образовни медијатори.

2.    Критериуми за избор на медијатори

а) Да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;
б) Да има развиени комуникациски и компјутерски вештини (Microsoft Оffice);
в) Да има искуство од работа на терен со ромската заедница, граѓанскиот сектор, локалното население, локалните институции и училиштата; и
г) Да биде препознатлив и да биде дел од заедницата во која ќе работи.

Предност при селекција ќе имаат кандидатите:

–      кои имаат сертификат за посетени обуки за медијатори со сертификати за медијаторство (предност ќе имаат лицата кои имаат посетени обуки за образовни медијатори во рамките на проектот „Поддршка на интеграцијата на етничките заедници во образовниот систем“ имплементиран од страна на Министерството за образование и наука, во соработка со Агенција за Европска интеграција и Европски Развој од Австрија и лицата кои посетиле обуки за медијатори во рамките на РОМЕД програмата од Совет на Европа),

–      кои говорат на јазикот на кој говори ромската заедница во општината за која се пријавува, и

–     кои веќе имаат искуство во работењето како ромски образовен медијатор, и кои ги исполниле своите обврски кон програмата и Министерството за образование и наука.

II. УЛОГА, ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ НА РОМСКИОТ ОБРАЗОВЕН МЕДИЈАТОР

1.    Улога на ромскиот образовен медијатор

Улогата на образовниот медијатор е да помогне и презема активности за подобрување на информираноста за можностите и пристапот до училиштата, спроведува редовни средби за сензибилизација на населението и вработените во основното училиште со спецификите и потребите на ранливите групи во делот на образованието, редовно соработува со стручните соработници и наставниците за подобрување на постигањата на учениците, презема активности за намалување на напуштањето на воспитно-образовниот процес на учениците.

2.    Задачите и одговорностите на медијаторот ќе бидат:

а) да работи со учениците;
б) да соработува со училиштето;
в) да работи и соработува со родителите/старателите и заедницата и да реализира редовни посети на терен; и
г) да работи со локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и други институции и организации.

III.    Место и рок за поднесување на документи

Кандидатите кои се пријавуваат согласно Јавниот повик, потребно е до Министерството за образование и наука, ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, најдоцна до 18.11.2024 година да ги достават следните документи:

1.    Кратка биографија (CV);                        

2.    Диплома за највисок степен на завршено образование;

3.    Две препораки од ромски невладини организации за потврда на искуството за работа со ромската заедница со назначени телефони за контакт на лицата кои ја дале препораката;

4.    Потврда од Агенција за вработување за работен статус;

5.    Доказ дека се стекнал со компјутерски вештини (Microsoft Оffice); и

6.   Друга документација која кандидатот смета дека ја поткрепува пријавата, а е во функција на потребните услови и критериуми.

IV.    Висината на хонорарот

За ангажманот на ромските образовни медијатори хонорарот месечно ќе изнесува 18.000 денари бруто за период  од три (3) месеци во текот на 2024 година и седум (7) месеци во текот на 2025година.

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Пехчево: „За почисто и поубаво Пехчево“

0
Општина Пехчево обезбеди финансиски средства за проектот „За почисто и поубаво Пехчево“ од областа животна средина од Програмата за работно ангажирање – Јавни Работи...