Министерот за правда Игор Филков оствари средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски и со заменик директорот, Илир Исени.
На средбата се дискутираше за клучните предизвици со кои се соочува Академијата . Беа разгледани решенија кои ќе овозможат подобри просторни услови и проширување на капацитетите во кои ќе се одржуваат обуките на идните судии и обвинители.
Еден од аспектите за кои се разговараше беше и потребата за оптимизација на роковите за полагање на испити во Академијата со цел да се овозможи нивно побрзо и поефикасно организирање , што ќе им овозможи на идните судии и јавни обвинители побрзо да го завршат процесот и да започнат со работа.
Соработката меѓу Министерството за правда и Академијата ќе продолжи и во наредниот период преку размена на искуства и ресурси со цел да с креираат иновативни програми за обука, кои ќе одговорат на потребите на правосудството.
Извор: Министерство за правда