spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Филков оствари средба со директорката на Академијата за судии и...

МП: Министерот Филков оствари средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски

 Министерот за правда Игор Филков оствари средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски и со заменик директорот, Илир Исени.

На средбата се дискутираше за клучните предизвици со кои се соочува Академијата . Беа разгледани решенија кои ќе овозможат подобри просторни услови и проширување на капацитетите во кои ќе се одржуваат обуките на идните судии и обвинители.

Еден од аспектите за кои се разговараше беше и потребата за оптимизација на роковите за полагање на испити во Академијата со цел да се овозможи нивно побрзо и поефикасно организирање , што ќе им овозможи на идните судии и јавни обвинители побрзо да го завршат процесот и да започнат со работа.

Соработката меѓу Министерството за правда и Академијата ќе продолжи и во наредниот период преку размена на искуства и ресурси со цел да с креираат иновативни програми за обука, кои ќе одговорат на потребите на правосудството.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте