spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТ: Николовски - Инвестиравме 5 милиони евра оваа година за Велес, за...

МТ: Николовски – Инвестиравме 5 милиони евра оваа година за Велес, за следната година најавуваме нови проекти за градот

Во многу краток период сме повторно во Велес да промовираме убави работи, тоа е влезот во градот. Можам да кажам дека само оваа година во различни проекти, инвестираме некаде околу 5 милиони евра во Велес. Овој влез чини околу 750.000 евра, а преку проектот за локални патишта веќе се инвестирани оваа година 1.100.000 евра. Се работи за три улици, кои што се во тек на реконструкција, или се веќе реконструирани.

Исто така преку одлуката на Влада за дотации до општините, во општина Велес треба да се инвестираат некаде околу 2.200.000 евра и тоа се договори кои што се веќе потпишани, а тука е секако и социјалната зграда, која што е завршена и во тек е конкурсот за распределба на социјалните станови. Така што, една навистина голема активност, за следната година најавувам уште поголеми активности, и заеднички, заедно со премиерот, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и градоначалникот, ќе работиме на уште повеќе проекти.

Честитам 80 години слободен Велес и тие идеали на оние кои што се бореа за независна и слободна Македонија да продолжиме да ги градиме во 21 век”- изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Преговараме со инвеститори на поедноставен и пофлексибилен начин да го...

0
„Единствен начин, за да делуваме веднаш е во оние средини каде што се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, неретко...