spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДемир Хисар: Најтранспарентна општина со 100% исполнителност на обврските за проактивна транспарентност

Демир Хисар: Најтранспарентна општина со 100% исполнителност на обврските за проактивна транспарентност

По спроведениот мониторинг на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој беше спроведен врз 90 иматели на информации, односно, вклучувајќи ги сите општини и Центрите за развој на планските региони, Општина Демир Хисар е најстранспарентна институција, со исполнетост од 100% во однос на проактивното објавување на информациите, а согласно член 10 од Законот за СПИЈК.

Истражувањето се спроведува врз основа на претходно изработена методологија и структурирани прашалници за состојбата на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите на интернет-страниците на институциите.

Со ова уште еднаш се потврдува фактот дека, Општина Демир Хисар континуиран, посветено и со силна заложба работи транспарентно, отчетно, одговорно и респонзивно – како услужен сервис на граѓаните.

Повеќе и подетално можете да прочитате на следниот линк:

https://demirhisar.gov.mk/wp-content/uploads/2024/10/2024-izveshtaj-od-monitoring-na-opshtinite-i-czentrite-za-razvoj-na-planski-regioni-vo-rsm_ureduvanje-tabeli-1.docx

Извор: Општина Демир Хисар

Прочитајте

Мицкоски: Преговараме со инвеститори на поедноставен и пофлексибилен начин да го...

0
„Единствен начин, за да делуваме веднаш е во оние средини каде што се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, неретко...