Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, на 27.10.2024 година ги потпиша договорите за капитални ивестиции со Владата, согласно јавниот повик за изразување на интерес од страна на општините и финансирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерството за локална самоуправа. Се потпишаа вкупно 4 договори и тоа: реконструкција на две улици во село Белче, реконструкција на главна улица во село Единаковци и изградба на спортски комплекс со терен за баскет и тениско игралиште кај градскиот стадион во Демир Хисар.
Извор: Општина Демир Хисар