Градоначалникот Лимани учествува на Светскиот урбан форум во Каиро, Египет
Градоначалникот на општина Гостивар, Валбон Лимани, учествува на 12-та сесија на Светскиот урбан форум, Програма на Обединетите Нации за човечки населби (UN-Habitat), што се одржува во Каиро, Египет, од 4 до 8 ноември 2024 година.
Ова е историски момент за Гостивар, бидејќи за прв пат еден градоначалник учествува на овој форум, кој овозможува партнерство на Гостивар со UN-Habitat. Овој форум ќе му обезбеди на Гостивар платформа за вклучување во глобални дискусии за урбанизацијата и за учење од други земји и заинтересирани страни, со цел да продолжи со изградба на Гостивар како одржлив и отпорен град за идните генерации.
На овој форум, на кој зборуваше и премиерот на Египет, Мостафа Мадбули, како и Анаклаудија Росбах, заменик генерален секретар и извршен директор на Програмата на Обединетите Нации за човечки населби (UN-Habitat), градоначалникот Лимани оствари многубројни средби со личности од различни делови на светот.
„Учеството во Каиро на Светскиот урбан форум, меѓу извонредни личности, споделувањето на взаемни искуства и воспоставувањето на договори за плодни соработки за Гостивар, беше исклучително искуство“, вели градоначалникот на општина Гостивар Валбон Лимани.
WUF12 годинава се фокусира на локализирање на Целите за одржлив развој, ставајќи акцент на локалните акции и иницијативи потребни за надминување на актуелните глобални предизвици кои влијаат на секојдневниот живот на луѓето, вклучувајќи недостапно домување, растечките трошоци за живот, климатските промени, недостатокот на основни услуги и континуираните конфликти.
Извор: Општина Гостивар