ЈАВЕН ПОВИК
за доделување на еднократна парична помош по повод
3-ти Декември – Денот на лицата со попреченост под мотото
„Сите сме исти , сподели среќа “
Согласно Програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2024 година, се објавува јавен повик за доделување на еднократна парична помош по повод 3-ти Декември – Денот на лицата со попреченост под мотото „Сите сме исти , сподели среќа “
- I. Право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост, жители на Општина Карпош
- Потребни документи
За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање:
-лична карта ( подносителот да е жител на Општина Карпош )
-трансакциска сметка
-наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби
III. Висина на финансиката поддршка
Висината на еднократната парична помош изнесува 5 000,оо денари
- Начин на пријавување
Комплетните документи може да се поднесат во архивата на Општина Карпош на Ул. ,, Радика ‘‘ бр. 9 , барака 2.
- V. Повикот е временски ограничен и трае од 11.11.2024 година до 25.11.2024 година.
Извор: Општина Карпош