spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЈА: Министерот Минчев оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република Македонија,...

МЈА: Министерот Минчев оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер.

Фокусот на средбата беше можноста за унапредување и продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете земји, со акцент на реформите во јавната администрација и подобрувањето на ефикасноста на јавните услуги.

Министерот Минчев ја нагласи посветеноста на Министерството за јавна администрација за имплементација на модерни и дигитализирани услуги, кои ќе им овозможат на граѓаните побрз и поефикасен пристап до администрацијата. Во овој контекст, тој ја истакна важноста на поддршката од страна на Германија, како и можноста за споделување на добри практики и искуства кои ќе придонесат за унапредување на капацитетите на јавниот сектор во државата.

Амбасадорката Дрекслер изрази подготвеност за продолжување на соработката и поддршка на процесот на реформи, како и за заедничка работа на проекти кои ќе придонесат за приближување на Република Македонија кон европските стандарди.

Таа ја потенцираше важноста на транспарентноста, отчетноста и ефикасноста на институциите во создавањето на поефикасен јавен сектор кој ги задоволува потребите на сите граѓани.

Средбата заврши со заедничко уверување за понатамошно јакнење на соработката во областа на јавната администрација и споделување на германските искуства во насока на исполнување на европските стандарди и поддршка на процесите за модернизација и реформи на јавниот сектор во Република Македонија.

Извор: Министерство за Јавна Администрација

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...