spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Јанкуловски - Развојната компонента ни се капиталните расходи, имаме сериозен пристап...

МФ: Јанкуловски – Развојната компонента ни се капиталните расходи, имаме сериозен пристап и реална реализација на инвестиции на терен

Капиталните расходи се навистина  развојната компоненета  и на неа ги темелиме очекувањата за остварување на проектираниот економски раст.Тоа ќе го постигнеме  преку реална реализација која се случува на терен и добра кадровска екипираност во администрацијата. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во гостување во Тв 24 кој и

„Зборуваме за реални инвестиции, не за трансфери. Капиталнтие расходи ни се навистина развојната компоненета во коишто силно веруваме и покажавме во што сме поразлични. Ги детектиравме  реалните проблеми  на терен, и ги отстранивме, така што имамае реална реализација на инвстициите како патниот правец Битола-Прилеп, Кичево-Охрид, а во нареднат година ќе почне проширување на патот Тетово-Гостивар, ќе се работи на Гостиар-Букојчани, Скопје-Блаце, Градско-Дреново. Нашиот пристап не е само да се префрлат парите кон општините и изведувачите а да нема никаква реализација и тие само да се прокнижат. Со такво темпо и кадровска екипираност во администрација која е директен изведувач убеден сум дека ќе имаме високо ниво на реализација на капитални инвестиции“, рече Јанкуловски.

Тој додаде дека се работи максимално и на реализација на проекти за кои се повлечени средства од меѓународни институции, а за чие нереализирање во минатото се плаќани пенали кои достигнале и до 20 милиони евра. Дополни дека се работи максимално на реализација на проекти, но дека се работи и на ефикасна наплата на тековните приходи во буџетот.

Аменик-минитерот посочи дека очекува осварување на проекираниот економски раст од 3,7% за следната година и покрај случувањата во Германија и очекуваното влијание врз домашната економија.

„Случувањата во Германија како ризик фактор се земени предвид и при креирање на Фискалната стратегија и буџетот за 2025 и планиране тоа да го компензираме со буто инвестиции на домашен план, како што се реализацијата на општинските проекти, поддршката на компаниите, на извозните компании, најавените инветиции во нови и проширување на постојните капцитети, како и вле на неколку атрактивни меѓународни компании кои ќе донесат нови технологии. Со компензирање на тие надворешни ризици со внатрешни ќе го оствариме тој раст“, истакна Јанкуловски.

Во однос на средствата наменети за компаниите од унгарскиот заем, рече дека очекува да се постигне договор со банките и тој процес да се реализира до крај, а средствата да стигнат до компаниите.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...