spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Почеток на проектот ChatMED - Иновативни решенија базирани на генеративна вештачка...

МЗ: Почеток на проектот ChatMED – Иновативни решенија базирани на генеративна вештачка интелигенција

Проектот ChatMED е одлична можност за развој на медицината во нашата земја и побрза дигитална трансформација на здравството и чекор поблиску до ЕУ. На овој начин со имплементирање на успешни принципи од нашите ЕУ партнери ќе овозможиме побрза интеграција на вештачката интелигенција, најпрво во областа на неврологијата, а потоа и во другите дисциплини.

Откривањето нови лекови е уште една област каде што вештачката интелигенција е многу побрза во молекуларните истражувања, со што се откриваат оние лекови кои имаат куративен потенцијал над невролошките дијагнози.

Роботиката со вештачка интелигенција што се користи во неврологијата им овозможува на своите алгоритми да ги анализираат податоците од магнетната резонанца, идентификувајќи болести како Паркинсонова или Алцхајмерова болест, заедно со церебрални тумори во многу раните фази на мозокот, што воведува нова ера во науката за мозокот, истакна министерот Таравари на денешниот настан, во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство за поттикнување на интердисциплинарната соработка и размена на идеи, клучни за успешен почеток на овој проект.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...