spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Поддршка од Италијанската Агенција за развојна соработка за одржливо управување со...

МЖСПП: Поддршка од Италијанската Агенција за развојна соработка за одржливо управување со природните ресурси во нашата држава

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска оствари работна средба со Џовани Тимилеро и Томас Таманини претставници на Италијанска агенција за развојна соработка со седиште во Тирана.

На средбата соговорниците ја потврдија заедничката заложба за унапредување на соработката од областа на животната средина помеѓу двете држави и за можностите за нејзино продолжување и зајакнување.

Заменик министерката Лашкоска се заблагодари за одличната билатерална соработка  која има потенцијал за продлабочување во сите клучни полиња од областа на животната средина и климатските промени. Претставниците на Италијанска агенција за развојна соработка информираа за фокусот на нивните интереси и изразија подготвеност за поддршка на проекти за одржливо управување со природните ресурси во Република Северна Македонија.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република...

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер. Фокусот на средбата беше можноста за унапредување...