spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Преговараме со инвеститори на поедноставен и пофлексибилен начин да го донесат...

Мицкоски: Преговараме со инвеститори на поедноставен и пофлексибилен начин да го донесат гасот во државата за најевтино централно затоплување со градба на когенеративни гасни постројки

„Единствен начин, за да делуваме веднаш е во оние средини каде што се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, неретко и гуми. Не се тие корисници виновни, едноставно социјалната состојба е таква да бидат приморани да тоа го користат, биде замената со друг енергенс којшто е прифатлив за нив, а тоа е централно затоплување.
 
Како ќе дојдеме до централно затоплување најевтино, преку градба на когенеративни гасни постројки кои што во текот на зимата кога ни треба ќе произведуваат и електрична енергија и истовремено ќе произведуваат топла вода којашто преку топловоди ќе биде дистрибуирана до тие средини коишто денеска користат сосема поинаков енергенс којшто за жал емитува ПМ2,5 и ПМ 10 честички во воздухот. И тоа е 60 проценти од факторот којшто влијае врз загадувањето.
 
Ние работиме на неколку такви проекти. Токму од овде, одам на состанок во Владата со потенцијален инвеститор којшто сака да инвестира една милијарда евра во ваков тип на производни капацитети. Тоа нема да биде по принципот како до сега, како што беше оној специјален закон, стратешки проект во Парламентот, на одење минатата Влада што го достави по привилегирани цени и така натаму. Сѐ ќе биде по пазарни услови. Преговорите се со инвеститори во кои што моја цел е и државата да биде дел од пакетот, да биде косопственик во самата таа инвестиција, нормално не со пари, со земја, со приклучоци и со слично. Затоа што цениме дека приватните инвеститори коишто имаат пристап до овој ресурс како што е гасот, можат на многу поедноставен начин и пофлексибилен начин, да го донесат тука, отколку државата. Така што ќе видиме како ќе завршат овие преговори. И ако биде сѐ како што треба, овој процес нема да биде преку ноќ. Но ќе почнеме, здравје Боже, во текот на идната година. Очекувам, во период до три години, сето ова да се заврши“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изградбата на гасни централи со кои ќе се влијае и на намалување на загадување на воздухот.

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...