spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМО: Чуповска - Ристова - Придонесот на Македонија во регионалната безбедност е...

МО: Чуповска – Ристова – Придонесот на Македонија во регионалната безбедност е соодветно валоризиран и потврден од сите НАТО сојузници

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска – Ристова на панел-дискусијата истакна дека нашата земја е безбедна и стабилна, факт кој е потврден и од Советот за безбедност. Чуповска – Ристова додаде дека земјата активно придонесува и кон регионалната и кон колективната безбедност на Алијансата.

„Придонесот на Македонија во регионалната безбедност е соодветно валоризиран и потврден од сите НАТО сојузници“, рече Чуповска – Ристова и додаде дека “активно придонесуваме и во гарантирање на колективната безбедност, а тоа го докажуваме и со нашето учество во мултинационалните сили кои што се распоредени во Летонија, Бугарија и Романија“.

Во однос на состојбите и актуелните предизвици во одбраната, Чуповска-Ристова порача дека била затекната предизвикувачка финансиска состојба, но дека со соодветна анализа на состојбите и алокација на средствата со ребалансот на Буџетот обезбедени се финансиски средства за исплата на сите заостанати и тековни обврски кон припадниците на Армијата и вработените во одбраната за 2024г. и за 2025 г.

Чуповска-Ристова се осврна и на модернизацијата на Армијата која тече согласно плановите, соработката со партнерите и сојузниците и буџетирањето на одбраната при што порача дека „еден од клучните приоритети на кои што работи Владата е обезбедување стабилно финансирање во одбраната”.

 Државниот секретар додаде дека и следната година одбранбениот буџет ќе изнесува над 2 проценти од бруто-домашниот производ.

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...