spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Едукативна работилница за подигнување на свеста за рециклирање на текстилен...

Гази Баба: Едукативна работилница за подигнување на свеста за рециклирање на текстилен отпад

Заедно со компанијата Тексомак, која промовира, координира и финансира активности за селективно собирање, сортирање и рециклирање на текстилен отпад, спроведовме работилници за децата од ООУ „Крсте Мисирков“, ООУ „Григор Прличев“ и градинките „Калинка“ и „Темјанушка“.

Децата беа полни со ентузијазам што имаат можност на забавен начин да научат за:

– текстилниот отпад има огромни штетни влијанија врз нашата околина;

– рециклирањето е процес кој почнува од секој еден од нас;

– постојат мигови кога треба да се ослободиме од нашите стари и неупотребливи текстилни материјали за да направиме простор за нови;

– многу е важно како се ослободуваме од старите текстилни парчиња – со рециклирањето покажувме грижа кон нашата околина.

Важно е младите да ја разбираат важноста на овие прашања и токму тоа дава надеж дека заедно можеме да дејствуваме кон здрава и чиста животна средина!

И во иднина ќе продолжиме со поддршка на визијата и посветеноста за подигнување на свеста за рециклирање на текстилен отпад. 

fb_img_1731599184568
fb_img_1731599188371
fb_img_1731599182193
fb_img_1731599180208
fb_img_1731599178238
fb_img_1731599190418
fb_img_1731599207553
fb_img_1731599193369
fb_img_1731599209668

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте