Се одржа и петтиот граѓански форум со жителите од Стајковци и Ченто на кој се разговараше за креирање на буџетот на Општина Гази Баба за 2025 година.
Изминатите пет граѓански форуми градоначалникот Бобан Стефковски имаше можност да сретне граѓани кои со своите идеи го дадоа својот придонес во развојот на општината.
Продолжуваме со следните фази од постапката за креирање на буџетот во која граѓаните се тие кои го имаат последниот збор.
Извор: Општина Гази Баба