spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Министерот Дурмиши додели решенија за финснсиска поддршка за воведување на ИСА...

МЕТ: Министерот Дурмиши додели решенија за финснсиска поддршка за воведување на ИСА и ХАЛАЛ стандарди на 14 домашни компании

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши деенска ги додели решенијата за  исплата на средства  на мали и средни претпријатија за воведување на ИСО стандарди и сертификација на ХАЛАЛ систем  врз основа на објавените јавни повици по мерките од  Програмата  за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија за 2024  година.

Оваа година  Министерството за економија и труд, во рамки на Програмата  за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија за 2024  реализираше :

МЕРКА  4 – Надоместување на дел од трошоците на микро, мали и средни претпријатија за сертификација на системи за квалитет според ИСО стандарди и тоа 40 % од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари поединечно за  секој апликант.

МЕРКА 5 – Надоместување на дел од трошоците на микро, мали и средни претпријатија за сертификација на ХАЛАЛ систем, преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари поединечно за секој апликант.

За реализација на овие мерки Министерството за економија и труд објави јавни повици во кои беа дефинирани условите за учество и потребните документи за аплицирање.

Двата Јавни повици беа објавени истовремено на 19.07.2024 година на веб страницата на Министерството за економија и труд и траеја до 01.10.2024 година. 

За секоја од овие мерки се предвидени средства во  износ од 2.000.000 денари поединечно.

Заклучно со 01.10.2024 година, до Министерството за економија и труд пристигнаац 9 (девет) барања од подносители за кофинансирање на сертификација според ИСО стандарди и 14 (четиринаесет) барања од подносители за кофинансирање на сертификација на ХАЛАЛ систем.

Од разгледаните 9 (девет) барања, Комисијата констатира дека 1 (едно) не ги исполнува условите за учество одредени со Јавниот повик за ИСО, а за останатите 8 (осум) одлучи да одобри надоместување на дел од трошоците за сертификација, согласно доставената документација, во вкупен износ од 463.961 ден.

Од разгледаните 14 (четиринаесет) барања, Комисијата констатира дека 9 (девет) не ги исполнуваат условите за учество одредени со Јавниот повик за ХАЛАЛ, а за останатите 5 (пет) одлучи да одобри надоместување на дел од трошоците за сертификација, согласно доставената документација, во вкупен износ од 445.260 ден.

Добитници ан финансиска поддршка од овие мерки се: 

За мерката за воведување на ИСО стандарди:

  • ОРНАМАКС ДООЕЛ Скопје
  • БАГА ФООД ДОО Битола 
  • БУРДЕМ-ПЛАСТИК ДОО Студеничани
  • БИМФООД ДОО Прилеп
  • ПРОАХИС ИНОВАТИОН ДОО Битола,
  • ГАЛАТЕКС ДООЕЛ Куманово
  • АКЦЕС КОНСТРАКШН ГРУП Скопје
  • ЕВРОПА 92 ДООЕЛ Кочани
  • МАРМАЈОЗ ДОО Прилеп

За мерката воведување на ХАЛАЛ стандарди се: 

  • СОКО ГОРИЦА ДООЕЛ Скопје
  • НУРО КОМПАНИ ДОО с. Камењане, Боговиње
  • НЕЛКОСКИ ОРГАНИК ФУД ДООЕЛ с. Драслајца, Струга
  • АНЕТА КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје
  • ЛЕЦКЕР ДООЕЛ с. Требош, Желино

Имајќи ги во предвид потребите на компаниите Министерството за економија и труд и во иднина ќе продолжи со реализација на мерки и активности во насока на подобрување на конкурентноста на МСП.

Извор: Влада

Прочитајте