spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

На територијата на Скопје покрај Инспекторатот на Град Скопје, има уште вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните. Досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска. За време на изминатата недела инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 30 сторители. 

Инспекцијата за животна средина на Град Скопје, по пријава на граѓани изврши  вонреден инспекциски надзор на деловен простор на правниот субјект ГУДИСИМО ДООЕЛ во Гази Баба, каде утврди согорување отпад со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните.

Во рамки на вонредната контрола на терен инспекциски служби на Град Скопје при надзор на правниот субјект ГУДИСИМО ДООЕЛ, констатираа дека тој спротивно на правилата за управување со отпад, во горилник покрај струготини согорува пластичен и друг неоргански отпад, за што му се изречени две казнени мерки. 

Инспекторите на Град Скопје продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина. Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните.

Град Скопје годинава поднесе повеќе кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад, меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани. 

Апелираме до Владата и Министерството за животна средина на овој проблем да му пристапат сериозно, да реагираат на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад низ градот што е казниво и според кривичниот законик на Р. Македонија, но и едновремено да ги ангажираат и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите.

Извор: Град Скопје

Прочитајте