Министерот Орхан Муртезани оствари средба со директорката на CEF (Center of Exellence) од Словенија, Јана Рапаншек. На средбата разговараа за важноста на јакнење на регионалната соработка и меѓусебна поврзаност со компатибилни регионални проекти.
Министерот Муртезани изрази задоволство од досегашната соработка како и помоша на CEF со експерти и ја потенцираше потребата од фокус на Реформската агенда и нејзината ефикасна имплементација.
Двајцата соговорници се согласија дека CEF како солидна платформа за регионална соработка, заедно во соработка со Министерството за европски прашања ќе ја продлабочат соработката во насока на размена на искуства на регионално ниво со цел успешни евроинтеграции преку спроведување на потребните реформи.