spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: ЗМЕП Трајков - Нашата дијаспора е важен и нераскинлив дел од...

МЕП: ЗМЕП Трајков – Нашата дијаспора е важен и нераскинлив дел од нашата татковина

Нашата дијаспора е важен и нераскинлив дел од Северна Македонија, истакна заменик министерката за европски прашања доцент д-р Викторија Трајков по средбата со претставници од Обединета македонска дијаспора, водечката организација на Македонците надвор од татковината. 

На заедникиот состанок се разгледаа повеќе иницијативи за проширување на ангажманот на дијаспората во стратешки области како што се образованието, економскиот развој и културата.

 

Трајков истакна дека Обединетата македонска дијаспора може значително да придонесе за промоција на Северна Македонија на меѓународната сцена, со цел зајакнување на економските и културни врски со државите каде што живеат Македонците.

Доц. д-р Трајков го потенцираше значењето на заедничките проекти и повика на засилено партнерство во промоција на Северна Македонија, како алатка од исклучително значење.

Со овој состанок беше подготвена основа за понатамошна соработка меѓу Министерството за европски прашања и Обединетата македонска дијаспора, при што двете страни се согласија дека ангажирањето на дијаспората може да има значајна улога во поддршка на реформските процеси и во зајакнување на позицијата на Северна Македонија на патот кон европска интеграција.

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте