spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Преку Академијата за јавни финансии организираше обука за основи на внатрешната...

МФ: Преку Академијата за јавни финансии организираше обука за основи на внатрешната ревизија насочена кон зајакнување на капацитетите на јавниот сектор

„Внатрешна ревизија – основно ниво“ беше тема на обуката што ја одржа Академијата за јавни финансии – сектор во Министерството за финансии. Обуката е дел од Годишната програма за обуки за 2024 година, а учесниците беа запознаени со клучните аспекти на законската и регулаторната рамка за внатрешна ревизија, како и со основните принципи и методологии за нејзино спроведување.

Посебен акцент беше ставен на чекорите и постапките за планирање и извршување внатрешна ревизија, како и на начините за изработка на извештаи за ревизија и препораки за подобрување на работењето, а беа дадени и практични примери за идентификување и анализа на ризици во различни административни процеси.

Преку примената на реални студии на случај, учесниците имаа можност да ги применат теоретските знаења во практична работа, додека интерактивните сесии овозможија простор за дискусија, размена на искуства и решавање на конкретни прашања од областа.

Учесници на оваа обука беа вработени во органите на државната управа, кои работат во организациски единици за внатрешна ревизија и кои се почетници во оваа област. Преку активно учество во обуката тие имаа можност да го унапредат своето разбирање на внатрешната ревизија како клучен процес во подобрувањето на транспарентноста и ефикасноста на јавните институции.

Целта на обуките што се спроведуваат преку Академијата е да се создаде модерна, професионална и високообучена администрација. Ова ќе овозможи јавните институции да обезбедат квалитетни и брзи услуги, прилагодени на потребите на граѓаните и деловните субјекти, а воедно и да го зајакнат нивото на отчетност и доверба во јавниот сектор. Министерството за финансии, преку Академијата за јавни финансии, ќе продолжи да инвестира во континуирано усовршување на капацитетите на јавниот сектор следејќи ги најновите европски и меѓународни трендови и стандарди.

Преку ваквите иницијативи, Министерството за финансии придонесува кон остварување на визијата за транспарентна и ефикасна државна администрација, подготвена да одговори на предизвиците на модерното општество, која воедно ќе биде и поддршка за економскиот развој на Република Северна Македонија.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте