Врз основа на член 3 од Законот за поддршка на млади при купување на музички инструменти („Службен весник на Република Македонија“ бр.113/18) Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија распишува
КОНКУРС
ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ЗА КУПЕН МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТ ЗА УЧЕБНАТА/АКАДЕМСКАТА 2024/2025 ГОДИНА
Министерството врши поврат на дел од исплатените средства за купен музички инструмент во висина од 75% од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент, за купени 25 музички инструменти од страна на редовни ученици запишани во државните средни училишта во кои се остваруваат планови и програми за музичка уметност и во висина од 75% од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент, за купени 25 музички инструменти од страна на редовни студенти запишани на државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката.
I. ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА РЕДОВНИТЕ УЧЕНИЦИ ЗАПИШАНИ ВО ДРЖАВНИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО КОИ СЕ ОСТВАРУВААТ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ
Со право на поврат на средства се стекнуваат учениците кои ги исполнуваат следниве услови:
1. Да се државјани на Република Северна Македонија,
2. Да се запишани како редовни ученици во четврта година во државните средни училишта во кои се остваруваат планови и програми за музичка уметност,
3. Да имаат постигнато најмалку многу добар успех во прва, втора и трета година од средното образование,
4. Да имаат оценка одличен пет (5.00) по наставниот предмет по инструментот за кој конкурираат за поврат на средства во прва, втора и трета година од средното образование,
5. Да имаат најмалку една награда од музички натпревар или да имаат одржано јавен настап (самостоен концерт, рецитал, полурецитал, или солистички настап со ансамбл), во тековната или претходните две учебни години и
6. Вкупните месечни примања на родителите – старателите на ученикот, да се помали од четири просечно исплатени нето-плати по вработен за последните три месеци, а утврдени од Државниот завод за статистика.
Потребни документи:
1. Уверение за државјанство;
2. Потврда за редовен ученик запишан во четврта година во државно средно училиште каде се остваруваат планови и програми за музичка уметност;
3. Свидетелствата за претходните учебни години во средното образование;
6. За ученици со разведени родители се доставува доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;
7. Потврди за остварена плата на родителите – старатели за последниот месец пред објавување на Конкурсот или доколку за овој месец не е исплатена плата да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите – старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите – старатели вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата, како и заверена декларација за прием на платата);
8. Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за ученикот и неговите родители – старатели;
9. За пензионираните родители – старатели се доставува документ за висина на пензија – чек;
10. За корисници на социјална помош се доставува последното решение или последниот чек;
11. Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок за двајцата родители – старатели на кандидатот поединечно, од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и
12. Награди од музички натпревари и јавни настапи кои се доставуваат како доказ во оригинал или копија заверена на нотар.
Дополнителни информации:
Министерот за образование и наука формира комисија за разгледување на пристигнатите барања од учениците и утврдување на исполнетоста на условите од овој закон, составена од три члена од Министерството, два члена од редот на наставниците во државните средни училишта во кои се остваруваат планови и програми за музичка уметност и два члена од истакнатите стручњаци од областа на музичката уметност во Република Северна Македонија.
Аплицирањето се врши електронски. Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на следната веб-страница: http://e-uslugi.mon.gov.mk.
За подетални информации за условите и критериумите, може да се обратите во Министерството за образование и наука кај Антонета Маневска на е-пошта: antoneta.manevska@mon.gov.mk.
Последниот рок за поднесување на пријавите е 60 дена по објавувањето на конкурсот, односно до 10 јануари 2025 година.
II. ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА РЕДОВНИТЕ СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ НА ДРЖАВНИТЕ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ КАДЕ СЕ ОСТВАРУВААТ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ОД ОБЛАСТА НА МУЗИКАТА
Со право на поврат на средства се стекнуваат студентите кои ги исполнуваат следниве услови:
1. Да се државјани на Република Северна Македонија;
2. Да се редовни студенти со заверен семестар во втора, трета или четврта година на државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката;
3. Да немаат претходно користено средства за купен музички инструмент од страна на Министерството;
4. Да имаат постигнато просечен успех од најмалку осум (8,00) во текот на претходните години од студирањето;
5. Да имаат оценка десет (10.00) по главниот предмет, а студентите запишани на музичка теорија и педагогија да имаат оценка десет (10.00) по предметот пијано;
6. Да имаат најмалку една награда од музички натпревар или конкурс, или да учествувале најмалку на еден јавен настап (самостоен концерт, рецитал, полурецитал, или солистички настап со ансамбл) и
7. Вкупните месечни примања на родителите – старатели на студентот, да се помали од четири просечно исплатени нето-плати по вработен за последните три месеци, а утврдени од Државниот завод за статистика.
Потребни документи:
1. Уверение за државјанство;
2. Потврда за редовен студент запишан во втора, трета или четврта година на државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката;
6. За студентите со разведени родители се доставува доказ за разводот и доколку студентот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;
7. Потврди за остварена плата на неговите родители – старатели за последниот месец пред објавување на Конкурсот или доколку за овој месец не е исплатена плата да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите/старателите вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите/старателите вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата, како и заверена декларација за прием на платата);
8. Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за студентот и неговите родители – старатели;
9. За пензионираните родители – старатели се доставува документ за висина на пензија – чек;
10. За корисници на социјална помош се доставува последното решение или последниот чек;
11. Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок за двајцата родители/старатели на кандидатот поединечно, од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија
12. Награди од музички натпревари и јавни настапи кои се доставуваат како доказ во оригинал или копија заверена на нотар.
Дополнителни информации:
Министерот формира комисија за разгледување на пристигнатите барања од студентите и утврдување на исполнетоста на условите од овој закон, составена од три члена од Министерството, два члена од редот на професорите во државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката и два члена од истакнатите стручњаци од областа на музичката уметност во Република Северна Македонија.
Аплицирањето се врши електронски. Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на следната веб-страница: http://e-uslugi.mon.gov.mk.
За подетални информации за условите и критериумите, може да се обратите во Министерството за образование и наука кај Антонета Маневска на е-пошта: antoneta.manevska@mon.gov.mk.
Последниот рок за поднесување на пријавите е 60 дена по објавувањето на конкурсот, односно до 10 јануари 2025 година.