spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Локалните самоуправи, МОН и меѓународните партнери успешно работат на оптимизацијата на...

МОН: Локалните самоуправи, МОН и меѓународните партнери успешно работат на оптимизацијата на училишната мрежа, 10 општини со готови планови

План за оптимизација на училишната мрежа веќе изработија 10 општини. Процесот продолжува кај 22 општини. Локалните самоуправи ја разбираат и ја поддржуваат оптимизацијата, којашто е одговор и на нивните барања и заложбите на ЗЕЛС за пообјективна распределба на блок дотациите. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на седницата на Управниот одбор на ЗЕЛС.

„Клучна цел на промените што ги правиме е да го подобриме квалитетот на образованието – да изградиме релевантно и ефикасно образование кое ќе им овозможи на учениците да стекнат употребливи знаења и вештини за личен и професионален развој како и за развој на државата. Кажавме дека ги зголемуваме буџетските средства и во 2025 ќе има најголем буџет за образование досега а таква тенденција ќе има и во следните години. Но, парите на граѓаните мораме да ги трошиме рационално и ефективно. Тоа го постигнуваме со процесот на оптимизација на училишната мрежа, што го почнавме од основните училишта“, рече Јаневска.

Оптимизацијата овозможува подобро искористување на финансиските и човечките ресурси во Образованието, а од друга страна поквалитетна настава и подобри постигнувања на учениците. УНИЦЕФ и Светска банка го поддржуваат спроведувањето на локалните планови за оптимизација, изработени во консултација со со учениците, родителите и наставниците во училиштата.

Јаневска укажа дека оптимизацијата на мрежата на училишта многу внимателно се реализира, во соработка со сите релевантни чинители, за да се обезбеди дека учениците добиваат најдобри можни услови за образование, наставници полн ангажман, а локалните заедници правична и ефикасна распределба на буџетски средства.

Заблагодарувајќи се на локалните самоуправи за добрата соработка, Јаневска им посака успешна работа на новата група општини кои почнуваат со изработка на плановите за оптимизација, упатувајќи ги да ги користат искуствата на општините што веќе ја завршиле, но и на редовна комуникација со Министерството за образование и наука, кое е тука за поддршка.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте