spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Финализирани активностите од проектот за идентификување на нови Натура 2000 подрачја...

МЖСПП: Финализирани активностите од проектот за идентификување на нови Натура 2000 подрачја и имплентација на CITES

Завчера во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот финансиран од ЕУ, „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES.“, кој е клучен во зајакнување на капацитетите за заштита на животната средина и зачувување на природата во нашата држава. На настанот беа претставени достигнувањата и резултатите од активностите за идентификација на нови зони кои станаа дел еколошката мрежа на Европската Унија, наречена Натура 2000. 

Во своето воведно обраќање, заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска изрази задоволство што со овој проект,  кој активно се спроведува од јуни 2022 година, се постигна подобра заштитата на природата и биодиверзитетот во нашата држава, што е и еден од клучните столбови на Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан.

1

– Главната цел на проектот беше зајакнување и подобрување на административните капацитети за хармонизација и имплементација на ЕУ законодавството за зачувување на природата. Во рамки на проектот беа спроведени активности за подобрување на законска и институционална рамка, преку подготовка на нацрт стандардни формулари за податоци за потенцијалните НАТУРА 2000 подрачја, нов Закон за CITES, како и зајакнување на административните капацитетите на национално ниво – истакна Лашкоска, додавајќи дека Министерството ќе остане посветено на овие активности и ќе се заложува да обезбеди одржливост на проектните резултати.

Вкупната вредност на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“ изнесува 2.214.100 евра, и е составен од две главни компоненти со кои се определуваа подрачјата и се изготвуваше соодветно законодавство.

Проектниот тим го сочинуваше конзорциумот NIRAS заедно со Полското друштво за заштита на птиците, EFTAS, Stichting BirdLife, како и нашите македонски претставници во конзорциумот Фармахем и Македонското еколошко друштво.
На завршниот настан присуствуваше и шефот на Делегацијата на Европската Унија Стефан Худолин.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте