spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Одржана работна средба со директорката на ДФЛ, Јордановска

АФПЗРР: Одржана работна средба со директорката на ДФЛ, Јордановска

Тековниот настан се сведе на запознавање на активностите како и спроведување на  меѓусебна соработка на двете институции.

Понатамошниот разговор се однесуваше на следните теми

1.Произведениот семенски саден материјал за кој производството се субвенционира да се сертифицира за квалитет и фитосанитарна безбедност во национална референтна лабораторија (НРЛ)

2.АФПЗРР да биде поврзана со ДФЛ преку лабораториски информационен систем (ЛИС) за автоматска проверка на извршената лабораториска анализа и добиен сертификат за квалитет и фитосанитарна безбедност на земјоделските производи и нивни преработки

3.Домашното производство кое се субвенционира и е наменето за извоз задолжително да биде контролирано во НРЛ за да се потврди безбедноста и добие сертификат како дел од придружната документација која се проверува на граничен премин за излез од државата

4.Субвенционираното производство на свеж зеленчук и овошје и нивни преработки (сушени производи , конзервирани производи) да биде контролирано во НРЛ за присуство на резидуи од пестициди тешки метали и митотоксини

5.Субвенционираното производство на семенски и саден материјал да биде придружено со Сертификат за сортна чистота автентичност во НРЛ.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте