Тековниот настан се сведе на запознавање на активностите како и спроведување на меѓусебна соработка на двете институции.
Понатамошниот разговор се однесуваше на следните теми
1.Произведениот семенски саден материјал за кој производството се субвенционира да се сертифицира за квалитет и фитосанитарна безбедност во национална референтна лабораторија (НРЛ)
2.АФПЗРР да биде поврзана со ДФЛ преку лабораториски информационен систем (ЛИС) за автоматска проверка на извршената лабораториска анализа и добиен сертификат за квалитет и фитосанитарна безбедност на земјоделските производи и нивни преработки
3.Домашното производство кое се субвенционира и е наменето за извоз задолжително да биде контролирано во НРЛ за да се потврди безбедноста и добие сертификат како дел од придружната документација која се проверува на граничен премин за излез од државата
4.Субвенционираното производство на свеж зеленчук и овошје и нивни преработки (сушени производи , конзервирани производи) да биде контролирано во НРЛ за присуство на резидуи од пестициди тешки метали и митотоксини
5.Субвенционираното производство на семенски и саден материјал да биде придружено со Сертификат за сортна чистота автентичност во НРЛ.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој